АНГЛИСКИ 
TOEFL, IELTS, FCE, CAE, CPE, BULATS, ESB
ГЕРМАНСКИ
Испити за Гете институт А1, А2, Б1, Б2 
ФРАНЦУСКИ
DELF, DALF
Со овие курсеви ќе добиете квалитетна обука и во целост ќе се подготвите за успешно полагање на тестовите, преку детално запознавање со четирите дела од кои тестовите се состојат (читање, слушање, зборување и пишување).

Програмата е насочена кон изучување на техниките за совладување на сите типови прашања, подобрување на целокупното познавање на јазикот и осигурување што е можно повисок резултат на испитот.
ИНТЕНЗИВЕН КУРС

За курсот:
Целосно насочен на совладување на структурата, типот на прашањата од сите 4 дела од испитот, совладување на техниките за успешно решавање на зададените прашања и симулација на тестот. Овој курс е наменет за лица кои имаат одлично познавање на англискиот јазик.
Времетраење на курсот:
Месец и половина, односно 6 недели
Настава:
Два пати неделно по 90 минути.
РЕДОВЕН КУРС

За курсот:
Курсот опфаќа детална обработка на испитот, прашања, техники и стратегии за решавање на истиот, симулации на тестот и бројни примери и тестови кои се решаваат. Опфаќа и детално обновување /изучување / коригирање на граматиката со практична примена во задачи кои се бараат на самиот испит и значително проширување на вокабуларот од различни области и вежби поврзани со самиот испит.
Времетраење на курсот:
Два и пол месеци, односно 10 недели
Настава:
Два пати неделно, по 90 минути.