Основано во 2014 година, училиштето за странски јазици „Аccess“ нуди часови на деца од предучилишна возраст, основци, тинејџери и возрасни.

          Преку пријатна атмосфера и часови исполнети со теми кои се интересни и прилагодени за возраста на учениците, нашата цел е да Ви помогнеме да стекнете квалитетно познавање на јазикот којшто ќе го изберете.


Училиштето активно изведува настава за редовни курсеви по:

• англиски јазик за предучилишна возраст (3-6 години), основци, средношколци и ворзасни;
• германски јазик за основци, средношколци и ворзасни;
• француски јазик за основци, средношколци и ворзасни;

Програмата по која работи „Аccess“ одговара на материјалот предвиден во редовната настава, како и на Вашите потреби. Освен редовни курсеви, училиштето нуди и подготвителни часови за испитите на Кембриџ, FCE, CAE, CPE, како и APTIS и TOEFL. Редовните курсеви траат два семестри, а часовите траат по 40, 60 или 90 минути, зависно од возраста, нивото и темпото, еднаш или двапати неделно, а по секој семестар слушателите добиваат диплома за стекнатото знаење.

Освен изучување на јазици, „Access“ има и преведувачко студио кое опфаќа судски преводи, стручни преводи, консекутивно и симултано толкување на повеќе странски јазици предводени од професионални овластени преведувачи.