Училиштето Аксес има повеќегодишно искуство во полето на преведувањето. Нудиме стандардни преводи, со највисок квалитет, на англиски, германски, француски, норвешки, шведски, дански и останати јазици.

Нашите преведувачки услуги секогаш ги вршат професионални преведувачи со долгогодишно искуство, високо ниво на компетентност и одговорност, со опсежно јазично и специјалистичко познавање. Испораката на преводот се врши согласно со потребите и барањата на клиентот, во електронска или во печатена форма. Сите преведувачи се обучени за работа со современи техники и алатки за преведување.

На нашите клиенти им нудиме брз одговор, висококвалитетни преведувачки услуги и навремено доставување.
СТРУЧНИ ПРЕВОДИ

Стручни преводи се преводи на текстови наменети за читателите во рамките на одредено стручно подрачје или преводи на текстови кои содржат технички изрази или кои подразбираат стручно познавање на дадената тематика.

        Преведуваме:
  • лични документи
  • деловна документација
  • презентации
  • брошури
  • договори
  • правна документација
  • судски спорови
  • сообраќајни дозволи
 
Специјализирани сме за преводи од областа на правото, економијата, финансиите, маркетингот, трговската дејност, односите со јавноста, рекламирањето, медицината, фармацевтската дејност, техниката, информатичката технологија, инженерството, телекомуникациите, науката, итн.
СУДСКИ ПРЕВОДИ

Судските преводи се потребни кога преводот на одреден документ треба да биде официјализиран. 

Нашиот квалификуван тим на судски преведувачи кој 
е мешавина на професионалци, трговски консултанти, како и проект менаџери секогаш им излегол во пресрет на специфичните барања на нашите клиенти, без оглед на поставените рокови и сложеноста на преводот.
ПРЕВОД НА САЈТОВИ

Со преведувањето и локализацијата на веб страниците ја отварате вратата кон светот. Колку ќе бидете успешни во тоа и каков впечаток ќе оставите, во многу нешта зависи од јазичниот квалитет на Вашите веб страници и од нивниот визуелен изглед.

Благодарение на нашиот мултидисциплинарен тим кој е специјализиран за преведувањe, можеме да Ви понудиме превод на сајтови на повеќе јазици, со кои ќе постигнете успех на меѓународниот пазар.